Дејан Кулушевски ќе го пропушти денешниот меч на Тотенхем против Евертон поради повреда на препоните, изјави менаџерот Антонио Конте. 22-годишниот играч од средниот ред нема играшно за Тотенхем од минатиот месец кога ја заработи повредата за време на репрезентативната пауза.
„Мислам дека треба да бидеме потрпеливи со Кулушевски. Не треба да ризикуваме на глупав начин. Имаме уште многу натпревари од денес до почетокот на ноември. Се уште не се знае кога ќе се врати на теренот. Во такви ситуации важно е да го земеме предвид чувството на самиот фудбалер“, истакна Антонио Конте.
Тотенхем по девет кола се наоѓа на третото место со 20 бода, четири помалку од лидерот Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













