
Поранешниот менаџер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, би можел да се врати во клубот по 17 месеци откако замина. Португалецот е еден од неколкуте кандидати со кои раководството на клубот преговара за можноста еден од нив да го наследи отпуштениот Бруно Лаге.
Фаворит за оваа позиција беше поранешниот тренер на Севилја, Хулен Лопетеги, но тој веќе го одби Вулверхемптон со образложение дека сака да посвети повеќе време на семејството.
Нуно Еспирито Санто, кој е без работа откако беше отпуштен од Тотенхем минатата сезона, сака да се врати, но сака повеќе детали од раководството за нивните планови за развој на проектот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
