Фудбалерот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте, е во опасност да го пропушти Светското првенство во Катар, кое започнува на 20 ноември. Според „Л’Екип“, повредата на тетивата од која се опоравуваше играчот во изминатиот период е повторо влошена.
Медицинскиот штаб на Челси се уште ги чека резултатите од најновите тестови за да дознаат колку време ќе мора да отсуствува Канте.
Тој сигурно ќе биде надвор од терените уште неколку недели и ќе ги пропушти следните 4-5 натпревари на Челси. Ова го прави местото на Канте во селекцијата на Дидие Дешамп за СП во Катар многу неизвесно.
31-годишниот фудбалер последен пат за лондончани играше во средината на август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













