ПСЖ ремизираше 0-0 на гостувањето кај Реимс во 10. коло од Лига 1, а од 41. минута имаше играч помалку поради исклучувањето на Серхио Рамос. Шпанскиот дефанзивец доби црвен картон поради силни протести кон судијата.
Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација му изрече казна и на крајот може да биде задоволен со оглед дека ќе пропушти „само“ три натпревари. Максималната казна можеше да биде и до осум натпревари суспензија.
Рамос нема да биде на теренот во дербито против Олимпик Марсеј за три дена, потоа на гостувањето кај Ајачио и на уште еден домашен меч со Троа.
Во Лига 1, Рамос треба повторно да игра на 6 ноември кога ПСЖ гостува кај Лориен.
Со оглед дека ќе одмара во првенството на Франција, Рамос најверојатно ќе биде искористен од Галтие во Лигата на шампионите на натпреварите против Макаби и Јувентус на 25 октомври и на 2 ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













