Ливерпул го победи Глазгов Ренџерс на гости со 7-1, што особено го израдува Јирген Клоп. Германецот во свој стил ја прокоментира оваа убедлива победа и откри дека „црвените“ сакаат да слават со пиво по победа на гостински терен.
Сепак, Клоп мораше да почека на такво нешто бидејќи, верувале или не, ова беше прва победа на Ливерпул на гости оваа сезона.
Во Премиер – лигата имаат скор 0-2-2 надвор од „Енфилд“, а во Лигата на шампионите загубија во Неапол.
„Обично сакаме да пиеме пиво по победа на гости, но сега помина толку долго, веројатно ќе бидам пијан по првото“, изјави Клоп во негов стил.
Ливерпул в недела го пречекува Сити, а несомнено е дека „црвените“ ќе пијат литри пиво доколку го победат најголемиот ривал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













