Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, истакна дека италијанскиот тим заслужи дури и да победи на синоќешниот дуел против Барселона на „Камп Ноу“. Мечот заврши 3-3, а Барселона избегна пораз во судиското продолжение. Сепак, и тој бод на Интер му дава одлични шанси да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
„Знаевме дека имаме храброст и веќе во првото полувреме создадовме многу шанси. На полувремето им реков на момците да веруваат во себе“, изјави Инзаги, кој поцрвене на крајот од мечот. „Им честитам на играчите за одличниот натпревар. Да победевме ќе обезбедевме пласман две кола порано, но сега го имаме Плзен. Проблемот на Барселона е што налета на Интер. Сега ќе не паметат долго време во Шпанија“, истакна тренерот на Интер.
На Интер му е потребен триумф над Плзен во следното коло за да му се придружи на Баерн Минхен во осминафиналето од елитното европско клупско натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













