Интер ја преживеа голеадата на „Камп Ноу“ играјќи 3-3 против Барселона и потребна му е само една победа во последните две кола за да ја мине „групата на смртта“ и да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Баерн Минхен е веќе во осминафиналето по триумфот (2-4) против Плзен, а ќе „загине“ – Барселона.
Дембеле донесе водство за Барселона, но потоа Интер го шокираше домашниот тим, со головите на Николо Барела и на Лаутаро Мартинез. Лоши реакции во одбраната на Барселона имаа Жерар Пике и Ерик Гарсија.
Роберт Левандовски израмни на 2-2 во 82.минута, а Госенс уште еднаш го замолкна стадионот во 89.минута. Левандовски во судиското продолжение израмни на 3-3.
Тотенхем го победи Ајнтрахт Франкфурт со 3-2. Хјонг – Мин Сон беше двоен стрелец, а погоди и Хари Кејн, кој во судиското продолжение не реализира и пенал.
Ливерпул го растури Глазгов Ренџерс и славеше со 1-7. Мохамед Салах постигна хет-трик, а влезе во игра во 68.минута. Трите гола ги постигна за само нешто повеќе од шест минути. Интересно, Глазгов Ренџерс поведе со голот на Скот Арфилд. Пресвртот го донесе Роберто Фирмино со два гола, а стрелаа и Дарвин Нуњез и Харви Елиот.
Порто го декласира Баер Леверкузен на гости со 0-3, а Олимпик Марсеј славеше на гости против Спортинг Лисабон со 0:2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













