Јувентус има очигледни проблеми со психичката и физичката состојба на своите играчи, изјави легендата на „бјанконерите“, Алесандро Дел Пјеро, по поразот на тимот од Макаби Хаифа со 2-0 во Лигата на шампионите.
„Тешко е да се најдат позитивни зборови за Јувентус. Уште на почетокот му оставаа многу слободни зони на противникот. Во првото полувреме Јуве не направи речиси ништо, не одигра доволно агресивно, ги загуби сите дуели. Во вториот дел тимот се потруди, но ништо не функционираше. Фудбалерите имаат очигледни проблеми во однос на психичката и физичката подготвеност, а тоа не е така лесно да се реши“, изјави поранешниот напаѓач на Јувентус.
„Старата дама“ има очаен старт на сезоната и во Серија А и во ЛШ, а претседателот Андреа Ањели истакна дека Масимилијано Алегри ќе остане на тренерската позиција до крајот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













