Connect with us

Анри го критикува Мбапе: Можеби добил впечаток дека е поголем од клубот

Килијан Мбапе повторно е во фокусот на вниманието откако се појавија шпекулации дека сака да го напушти ПСЖ.


Летово Мбапе реши да остане во францускиот клуб со кој го продолжи договорот на уште три години, иако беше речиси сигурно дека ќе замине во Реал Мадрид. Сепак, оваа сезона не му започна како што се надеваше бидејќи се повеќе се пишува за тоа колку е несреќен во клубот, и дека не е во најдобар однос со соиграчите.

Вчера се појавија информации дека Мбапе веќе во јануари има намера да го напушти ПСЖ бидејќи е крајно незадоволен од ситуацијата во тимот, а пред се од неговата улога на теренот.

Мбапе е незадоволен од позицијата што на теренот ја добива од тренерот Кристоф Галтие.

За сето ова синоќа проговори и легендарниот Тиери Анри кој го критикуваше младиот Французин и му порача дека конечно е време да сфати како функционира фудбалот и дека најважно е тимот да се стави на прво место.

„Еве ќе ви дадам личен пример. Во Барселона не ми се допадна играњето крило, но тоа го направив за тимот. Постои едно едноставно правило: ако тренерот побара од вас да направите нешто што ќе му помогне на тимот, тогаш мора да го направиш тоа! Ако тоа му штети на тимот, би се расправал со тренерот“, рече Анри.

Тој вели дека е очигледно како Мбапе никогаш не бил во таква ситуација и дека не е навикнат нешто да не му оди.

„Никогаш во кариерата не добил „не“. Велат дека не ги исполнуваат неговите услови. Не знам какви се условите бидејќи не бев таму кога се договорија, но очигледно е дека му пречи што тој не игра на неговата позиција, а во моментот е единствениот во тимот кој го може да игра деветка“, изјави Анри и додаде.

„На крајот, клубот е секогаш поголем од сите. Но, прашање е дали му дале до знаење дека клубот е најважен или добил впечаток дека е поважен од клубот. Тоа е исто вистинско прашање. Но, клубот секогаш е на прво место“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови