
Дефанзивците на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд и Жоел Матип ќе пропуштат до три недели поради повредите здобиени на неделното дерби со Арсенал. Десниот бек има повреда на скочниот зглоб, додека централниот бек ќе паузира поради повреда на потколеницата.
Ова е дополнување на „болницата“ во Ливерпул откако вчера стана јасно дека и Луис Дијаз поради повреда на коленото ќе биде надвор од терените до декември.
Повредени се и Артур Мело, Окслејд-Чемберлен и Наби Кеита.
Ливерпул има шест натпревари до крајот на октомври, па веста е доста загрижувачка за Јирген Клоп поради и така слабите резултати на неговиот тим во последно време.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
