
Маурисио Покетино замина од ПСЖ, но сега проблемите ги наследи Кристоф Галтие. Француските медиуми повторно се занимаваат со клановите во соблекувалната на ПСЖ. Ситуацијата е добро позната од претходно и главен проблем е Килијан Мбапе. Меѓу него, Нејмар и Лионел Меси нема хемија во соблекувалната, иако на теренот се обидуваат да делуваат синхронизирано.
Челниците на ПСЖ добро ја знаат ситуацијата. Нејмар и Меси имаат одлични односи уште од Барселона, а Мбапе не може да го поднесе Нејмар.
Мбапе пред почетокот на сезоната го доби најплатениот договор во светот на фудбалот и сакаше да стане главна ѕвезда на ПСЖ. Сакаше да го симне од тронот Нејмар, најплатениот играч на сите времиња. Сепак, Нејмар одговори со одлична форма, но и со тоа што Меси значително ја подобри формата покрај него.
Сето ова му пречи на Мбапе, кој го поддржува Серхио Рамос. Рамос наводно е поблизок до кланот на Мбапе отколку до оној во кој се Меси и Нејмар. Јужноамериканскиот клан ослабе со заминувањето на Анхел Ди Марија, Леандро Паредес, Мауро Икарди и Андер Херера, но сепак е силен бидејќи го сочинуваат Меси и Нејмар.
Оваа состојба во соблекувалната секако ќе влијае и на резултатите на Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
