Македонскиот прволигаш Шкендија потпиша долгорочен договор со младиот талент, 17-годишниот напаѓач, Зани Назифи. Тој стави потпис на петгодишен професионален договор со клубот.
„Ова е многу важен момент во мојот живот. Потпишувањето на професионален договор со Шкендија е остварување на сонот. Овој голем клуб го посакува секој млад човек не само од нашата земја туку и пошироко и јас сум многу горд на себе и на семејството што ја заслужив довербата да ги бранам боите на клубот. Максимално сум мотивиран да работам посветен за да ја оправдам довербата на клупските менаџери и тренери“, изјави Назифи по потпишувањето на договорот со Шкендија.
Зани Назифи е член на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години. за сениорскиот дебитираше на 19 февруари 2022 година против Борец и до крајот на минатата сезона имаше шест настапи.
Во тековната сезона одигра 11 минути во првиот предизвик од новото издание против Силекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













