
Еден од култните македонски фудбалски клубови, ФК Работнички, денеска го слави 85. роденден.
Херојот од Дебар Маало се роди на денешен ден, 4.октомври, во далечната 1937 година. Во витрините стојат трофеи, сведочат за шампионските денови на ФК Работнички, највозрасните се сеќаваат на почетоците, на пролетта 1937 година кога во кафеаните во Дебар Маало се родила идејата за формирање на организиран фудбалски клуб.
Традицијата се негува, историјата обврзува, а сегашните генерации се горди на минатото. Но, ја имаат честа и обврската да продолжат по патот на успехот.
ФК Работнички да остане синонимот на Дебар Маало, гордоста на Скопје, клуб за респект во Македонија и во европски рамки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
