Струга ТЛ подзастана со ремито во Ѓорче Петров против Македонија ЃП, а тоа е шанса за Шкупи и за Шкендија, кои секако имаат амбиции за врвот, да ја намалат барем малку разликата во однос на лидерот.
Шкупи на Чаир го пречекува Силекс, тоа е своевидно дерби ако се погледне табелата. Силекс се наоѓа на втората позиција со 14 бода, а Шкупи се надева дека со триумф ќе ги прескокне кратовци.
Деганзивецот Гаги Маргвелашвили очекува шампионот да покаже квалитет и да триумфира на денешниот дуел.
„Секогаш е тешко да се игра после репрезентативна пауза, но верувам дека ќе покажеме добро издание и дека ќе стигнеме до трите бода. Силекс е силен тим, но ние сакаме триумф на Чаир“, порачува Маргвелашвили.
Шкендија гостува во Прилеп и се надева дека со триумф над Победа ќе стигне до второто место на табелата. Репрезентативецот Љупчо Дориев им се врати на клупските обврски.
„Нема што премногу да се зборува. Јасно е дека Шкендија оди на секој натпревар на победата, без разлика на противникот, формата и местото на играње. Ние сакаме да бидеме на врвот. Подготвени сме за Победа. Прилепчани се добри на домашен терен, играат солидно особено со посилните тимови бидејќи се двојно помотивирани. Сепак, ние сме Шкендија и мора да одиме на добар резултат“, изјави Дориев.
Во Кавадарци, Тиквеш го пречекува тимот на Скопје.
Вчера, Македонија ЃП и Струга ТЛ ремизираа 1-1, а Работнички оствари гостински триумф (1-3) против Брегалница во Штип.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО
ШКУПИ – СИЛЕКС (15 Ч.)
ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-3
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













