
Шкупи успеа да го запре победничкиот од на Академија Пандев во пролетната сезона, славејќи со 0-2 на гостувањето во Струмица.
Без сомнение, една од клучните фигури за триумфот на Шкупи е тренерот Умит Каран кој успеа тактички да креира постановка за сигурни три бода на чаирчани. Токму затоа, Каран го понесува и епитетот „тренер на 21. коло од ПМФЛ“ согласно изборот на МАКФУДБАЛ.
„Најпрво би сакал да кажам дека ова беше победа на тимот. Јас силно верувам во капацитетот на моите фудбалери, а тие ја оправдуваат довербата се повеќе од натпревар на натпревар. Среќен сум што имам играчи со одличен карактер и огромно срце. Клучот на нашите успеси е тимот, а не поединецот. Така сакаме да биде и во иднина“ – вели Каран, и дополнува:
„Мора да нагласам дека воопшто не беше лесно да се дојде до победата против тим како Академија Пандев кој имаше две победи во претходните две кола. Знаевме дека е важен натпревар за нас и максимално мотивирано му пристапивме. За трите бода најзаслужни се фудбалерите. Им честатам и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и во иднина“.
Шкупи по првите три пролетни кола има едно реми и две победи. Во следното коло, на 10. март, на Чаир го пречекува лидерот Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
