
Рома е заинтересирана за украинскиот интернационалец од Аталанта, Руслан Малиновски, пишува „Калчомеркато“. Договорот на Украинецот истекува за една година и „џалоросите“ веќе ја истражуваат можноста да го привлечат.
„Волчицата“ беше активна на летниот трансфер пазар, засилувајќи се со голем број слободни играчи, Пауло Дибала, Андреа Белоти, Немања Матиќ и Миле Свилар.
Така Рома успеа да заштеди многу пари додека во исто време му доведе на Жозе Мурињо одлични играчи. Римјаните ќе следат таков план и во следниот летен преоден рок.
Во моментов Украинецот во Бергамо заработува околу 1 милион евра нето. Неговата желба е барем да ги удвои приходите, што е можно во Рома. Малиновски исто така сака да работи со Мурињо, додека неговата сопруга Роксана претпочита да остане во Италија и „вечниот град“ е одлична опција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
