
Капитенот на Шкупи, Муарем Бајрами е најдобар играч на 22. коло од Првата македонска фудбалска лига, според изборот на МАКФУДБАЛ. Бајрами е една од клучните фигури на Шкупи низ пролетниот дел од сезоната, незаменлив дел во последната линија од средниот ред и одбраната, творец и на триумфот против Шкендија со погодокот од пенал.
Иако е постојан двигател на играта на Шкупи, капитенот не сака да го потенцира индивидуалениот ефект како заслуга на победите на чаирчани оваа пролет нагласувајќи дека сето тоа е само дело на колективот почнувајќи од шефот на стручниот штаб Умит Каран, па до секој поединец на теренот.
„Сите овие резултати се дело на нашата напорна работа изминатиов период како тим. Огромно е задоволството по оваа победа која им ја посветуваме на навивачите, затоа што долго време чекаа во Скопје да славиме против Шкендија. Стигнавме до заслужен триумф. Во првото полувреме имавме уште две одлични шанси и порано да го отвориме резултатот, но ете дојде по пеналот. Среќни сме со формата која ја демонстрираме, три победи во низа, и да биде искрено посакуваме истото да продолжи“ – вели Бајрами.
А, во следното коло, на 16. март во Маџари, Шкупи ќе го гостува на Вардар…
„Одиме од натпревар на натпревар, па така и за Вардар ќе се подготвуваме како и за секој друг меч. Верувам дека и на тој натпревар ќе го демонстрираме вистинското лице како продолжение на овие три претходни дуели“ – истакнува Бајрами.
НАЈДОБАР ТИМ НА 22. КОЛО

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
