Connect with us

Вајналдум: Бев многу вознемирен поради повредата

Холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум првпат се појави со изјава по сериозната повреда со која се здоби на самиот старт од сезоната. Репрезентативецот на Холандија одигра само еден натпревар за Рома пред да заработи фрактура на тибијата на тренинг.


„Не одговорив на никого по мојата повреда бидејќи бев многу вознемирен и тажен поради тоа што се случи. Сакам да се извинам. Сега сум подобар, ја сфаќам ситуацијата таква каква што е и давам 100% од себе да се опоравам што е можно побрзо“, изјави Вајналдум во видеото објавено на социјалните мрежи.

„Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Рома за поддршката, тоа ми дава сила побрзо да се вратам на теренот. Знам дека и вам не ви е лесно, бидејќи јас штотуку дојдов во клубот и имавте големи надежи, но има уште време“, додаде 31-годишниот играч од средниот ред.

Вајналдум поради повредата ќе паузира околу пет месеци и сигурно ќе го пропушти Светското првенство во 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови