
На „Стемфорд бриџ“ секогаш е бурно. По отказот за Томас Тухел и доаѓањето на Грем Потер за нов менаџер, се чинеше како малку да се смирија работите во Челси, но не е така. Медиумите на Островот открија нов скандал, а главната улога ја има човек кој во клубот пристигнал пред неполн месец.
Станува збор за комерцијалниот директор кој по неполн месец поминат во клубот доби отказ поради испраќање недолични пораки со сексуална содржина кон своите соработнички.
Неговото име е Демијан Вилоби, а отказот што го доби беше ефективен веднаш, без можност за каква било дискусија.
Според медиумите од Англија, управата на клубот дошла во посед на пораките испратени од Вилоби, и веднаш го разрешила. „Жртва“ на неговите пораки беше неговата колешка во Челси задолжена за финансии, а се вика Каталина Ким.
Таа се пожали на првите луѓе во клубот, а на крајот сè стигна до претседателот на клубот кој ги погледна пораките и му го предаде отказното решение на Вилоби.
„Доказите што ги добивме се јасни, а во последните неколку дена беше спроведена брза истрага за се што се случи. Не сакаме да толерираме вакво однесување и веруваме дека е невозможно да се толерира“, објавија накратко од Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
