Симоне Инзаги, тренерот на Интер, ја презеде одговорноста за лошиот старт на сезоната за „нероаѕурите“ во Серија А. Тимот од Милано претрпе три порази во првите седум кола и со 12 бода моментно е само на седмото место во италијанскиот шампионат.
На последниот натпревар беа поразени од Удинезе со 3-1.
Соочен со повреди на клучните играчи, Инзаги не сакаше да бара изговори.
„Вината е само моја. Имавме лош почеток на сезоната, но ништо не е загубено. Во игра сме и во италијанското првенство и во Лигата на шампионите. Верувам дека наскоро ќе почнеме да бележиме добри резултати во серијата. Ја гледам светлината на крајот од тунелот“, истакна Инзаги.
Летово како најголемо засилување во Интер се врати Ромелу Лукаку, но моментно е повреден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













