
Роберто Де Зерби е новиот менаџер на Брајтон. Ова го потврди англискиот клуб кој одлучи Де Зерби да биде замена за Грем Потер.
Де Зерби претпочита сличен, напаѓачки стил на игра, што го направи познат во Сасуоло каде го прослави своето име како тренер од 2018 до 2021 година.
После тоа го презеде Шахтјор, но остана без работа кога почна војната во Украина и до сега ја чекаше вистинската понуда.
На Брајтон нема да му биде лесно да го надополни заминувањето на Потер, но со Де Зерби не би требало да имаат проблеми во остатокот од сезоната, само што не може да се очекува да останат на високата четврта позиција која моментално ја заземаат.
Де Зерби ќе има доволно време да се запознае со тимот, бидејќи следува пауза поради репрезентативните настапи, а потоа за него и пеколно деби на „Енфилд“ против Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
