Connect with us

Марко Ројс го пропушта мундијалот во Катар?

Германскиот репрезентативец Марко Ројс би можел да пропушти уште едно големо меѓународно натпреварување. Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, беше изнесен на носилки на вчерашното дерби против Шалке.


Одличниот германски фудбалер во текот на целата кариера се мачеше со повреди, поради кои често е надвор од терените. Го спречија да учествува на СП 2014 и на две ЕП во 2016 и 2020 година, а сега поради нова несреќна повреда може да го пропушти и Мундијалот во Катар.

Се играше 28. минута од дерби натпреварот од Бундес – лигата меѓу Борусија Дортмунд и Шалке, кога Ројс се најде на тревата по прекршокот на противничкиот играч. Се чинеше дека стартот е „безопасен“, но се покажа дека 33-годишниот офанзивец се здоби со тешка повреда.

Лекарската екипа брзо влезе на теренот и на носилки го одведе капитенот на Дортмунд.

Се шпекулира дека на Ројс му се оштетени лигаментите, а доколку е така нема да може да учествува на Светското првенство кое почнува за два месеци.

Борусија Дортмунд успеа да го победи Шалке со 1-0, но никој во клубот не сакаше да слави. Тие, повторно, по којзнае којпат останаа без лидер на тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови