
Барселона стигна до убедлива победа (3-0) против Елче и се искачи на првата позиција на табелата во Ла Лига со 16 бода. Каталонците имаат бод предност во однос на Реал Мадрид кој утревечер му гостува на Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.
Роберт Левандовски во 34.минута го отвори резултатот, а Мемфис Депај седум минути подоцна зголеми на 2-0. Во тој период веќе им беше олеснета задачата на фудбалерите на Чави со оглед дека Елче имаше играч помалку поради исклучувањето на Верду.
Во вториот дел, Левандовски со вториот гол го постави конечниот резултат, 3-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
