Арсенал во јануари ќе направи нов обид да го доведе фудбалерот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс. „Топчиите“ и во летниот преоден рок се обидоа да го потпишат Белгиецот, но не можеа да постигнат договор со неговиот клуб Лестер.
Приоритет на Арсенал во зимскиот преодниот рок ќе биде токму засилување на средниот ред, а најголема желба на Артета од поодамна е Тилеманс.
25-годишниот Белгиец влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката бидејќи сака промена на средината.
Лестер тогаш најверојатно ќе мора да ја прифати понудата на Арсенал бидејќи во спротивно ќе го загуби играчот без обештетување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













