Рома стигна до убедлива победа (3-0) против Хелсинки и го покри претходниот пораз од Лудогорец во Разград во Лигата на Европа. Финците рано останаа со играч помалку, а Рома стрелаше во вториот дел. Дибала, Пелегрини и Белоти донесоа победа за составот на Жозе Мурињо.
Бетис го совлада Лудогорец со 3-2. Бугарскиот тим даде солиден отпор, но на крајот домаќинот ги освои бодовите. Луис Енрике, Хоакин и Каналес беа стрелци за шпанскиот тим, а Десподов и Рик стрелаа за Лудогорец.
АЕК Ларнака оствари минимален триумф (0-1) на гости против Динамо Киев, а стрелец на единствениот гол беше Адам Ѓурчо. Иван Тричковски беше стартер и играше до 64.минута.
Езгјан Алиоски доби половина час во вториот дел, а Фенербахче ремизираше 2-2 против Рен на гости. Откако по првиот дел немаше голови, Терие и Ловро Мајер брзо донесоа водство за Рен на почетокот на второто полувреме. Сепак, Фенербахче израмни со головите на Кахвечи и на Валенсија од пенал.
Бодо/Глимт славеше против Цирих со 2-1, а Брага го совлада Унион Берлин со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal