Македонскиот второлигаш Каменица Саса се раздели со тренерот Иван Варадиновски по елиминацијата од Купот на Македонија од Вардар. Каменица Саса загуби од „црвено-црните“ со 0-3.
Саса по четири кола во Втората лига има само еден бод, а кога не оди прв заминува шефот на стручниот штаб.
„Некогаш работите не се одвиваат како што замислуваме и посакуваме и сметам дека моето заминување од Саса моментно е најдоброто решение и за мене и за клубот. Му благодарам на раководството за укажаната доверба и можноста да ја водам Саса, а им посакувам сѐ најдобро во иднина, многу позитивни работи и успеси“, изјави Варадиновски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













