
Уште една градска пресметка на Работнички и Вардар. Во 24. коло од Првата македонската фудбалска лига повеќе од значаен дуел и за двата тима кои се во силна потрага по бодови.
По двата едноподруго порази од Академија Пандев и од Шкендија, за Работнички бодовите се повеќе од неопходни. Го знае тоа и шефот на стручниот штаб Жикица Тасевски кој вели дека тимот е подготвен за предизвикот.
„Натпреварите со Вардар секогаш носат посебна возбуда, актерите на двете екипи имаат посебна испирација. Работевме напорно за време на паузата поради репрезентативни настапи, ги анализиравме грешките, се обидовме да корегираме нешто во играта и се надевам дека ќе се прикажеме во многу подобро издание. По лошиот старт на пролетната полусезона, бодовите ни се потребни како леб. Но, и Вардар си има свои планови, и секако ќе биде тоа еден тежок и неизвесен дуел. Посакувам на крајот ние да се радуваме на триумф“ – вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Од друга страна и во таборот на Вардар посакуваат триумф со кој би ја продолжиле и активната игра и за првата позиција на табелата. По лошиот почеток, „црвено-црните“ сега имаат седум бода од последните три натпревари па посакуваат во ист ритам да се продолжи и во денешното 24. коло.
Главен судија на натпреварот меѓу Работнички и Вардар е интернационалецот Александар Ставрев.
ПМФЛ – 24. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (1. мај 2019)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
