Силекс сервираше слатка „одмазда“ за Македонија ЃП во Ѓорче Петров славејќи со 0-1. Ова е своевиден реванш за поразот во финалето на Купот на Македонија. Стрелец на победоносниот гол беше Дамјан Масевски во 80.минута. Тој беше на вистинското место по корнерот што го изведе Марјан Ристовски и лошата реакција на домашниот голман Стевковски.
Македонија ЃП еден час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Стефан Лазаревиќ. Тој за две минути заработи два жолти картони во првиот дел.
Македонија ЃП имаше свои шанси на овој натпревар. Стојкоски ја погоди стативата, шанса имаше и Воша, но мрежата на Силекс сепак не се затресе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













