
Италијанскиот гигант Интер е на продажба, тврдат медиумите од Апенините. Сопствениците на клубот, кинеската компанија „Сунинг“ побарала од „Голдман Сакс“ да најде потенцијален купувач. Цената за акциите на Интер е 1,2 милијарди евра.
Гласините за продажба на „нероаѕурите“ кружат веќе неколку месеци. Пред извесно време се шпекулираше дека клубот може да го купи јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, кој го предводи и Њукасл. Тоа се уште е опција, но се бараат и други потенцијални купувачи.
Неодамна Милан, вториот гигант од Милано и актуелен италијански првак, за сума од 1,3 милијарди евра го купи американската инвестициска компанија „RedBird Capital Partners“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal