
Според одлуката на ФA на Англија, Премиер – лигата, како и надлежните сојузи на другите земји од Обединетото Кралство, викендов нема да има фудбал. Смртта на кралицата Елизабета Втора поттикна бројни протоколи кои ќе важат во земјата со која владееше 70 години во следните десет дена, завршувајќи со нејзиниот погреб. Единствените институции што ќе функционираат без никакви промени се болниците, училиштата и продавниците. За се останато важат различни правила и се е главно откажано и одложено, вклучително и фудбалот.
Барем за овој викенд. И не би било изненадување доколку истата одлука се донесе и за следниот бидејќи се совпаѓа со денот на погребот, кој воедно ќе биде и ден на национална жалост.
Сепак, Здружението на фудбалски навивачи на Англија смета дека фудбалските власти не донеле добра одлука и дека пропуштиле можност да го направат она што самата кралица Елизабета Втора го правела за време на нејзиното владеење – да го подигне моралот кога ќе се појави криза.
Здружението на фудбалски навивачи објави и официјално соопштение:
„Веруваме дека фудбалот најдобро ја покажува својата сила кога ги собира и обединува луѓето во услови на криза и големо национално значење, без разлика дали се работи за моменти на славење или тага.
Наш став е, а го споделивме и со фудбалските власти, дека повеќето фудбалски фанови би сакале да имаат можност да одат на натпревар овој викенд и на тој начин да и оддадат почит на кралицата, рамо до рамо со своите пријатели.
„Нема сите да се согласат, затоа не постои совршено решение до кое би дошле фудбалските власти, но голем е бројот на нас кои веруваат дека е пропуштена можноста фудбалот сам да и оддаде последна почит на нејзиното величество. единствен начин“, се вели во соопштението.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
