
Досегашниот фудбалер на Брајтон, Грем Потер, предмалку и официјално беше потврден за нов менаџер на Челси, само неколку дена откако новиот американски сопственик на лондонскиот клуб Тод Боли му даде отказ на Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Се проценува дека Челси платил отштета повеќе од 20 милиони фунти на Брајтон за Потер и за неговиот стручен штаб.
Брајтон сега ќе почне да ја бара замената за Потер, но до нивниот следен натпревар против Борнмут има само 24 часа.
Раководството на клубот затоа одлучи утре тимот од клупата да го предводи Адам Лалана, 34-годишен играч од средниот ред и поранешен англиски репрезентативец. Лалана на тој начин ќе има неочекувано тренерско деби во кое ќе му помага тренерот на младинскиот тим, четири години постариот Ендрју Крофтс.
Лалана моментно се опоравува од повредата на потколеницата поради која не настапи на првите три натпревари на Брајтон во Премиер – лигата оваа сезона.
Се очекува Лалана и Крофтс да бидат само привремено решение додека не биде пронајден наследникот на Грем Потер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Евро-фудбал
Мусијала успешно опериран по тешката повреда

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
