
Томас Тухел доби отказ на менаџерската функција во Челси, откако лондонскиот тим загуби со 1-0 од Динамо Загреб на „Максимир“ во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Германскиот тренер ќе добие вистинско богатство како отштета.
Медиумите на Островот откриваат дека Тухел добил 17,5 милиони евра обештетување. Вкупните трошоци за Челси се повеќе од 20 милиони евра, бидејќи си заминува и целиот стручен штаб на Тухел.
Германскиот стратег пристигна во Челси во јануари минатата година и изненадувачки ја освои Лигата на шампионите во првата сезона. На 100 натпревари на клупата на Челси оствари 60 победи, а поразот од Динамо на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите му беше 16-ти откако е во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal