
Раководството на Брајтон му даде дозвола на менаџерот Грeм Потер да преговара со Челси за испразнетото менаџерско место во лондонскиот клуб, информираат британските медиуми. Претходно денеска веста дека менаџерот Томас Тухел е отпуштен дојде како изненадување од „Стемфорд бриџ“. Ова се случи неполни 24 часа по поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
Според информациите од Островот, Потер е на врвот на потесниот круг од четворица кандидати кои му биле предложени на сопственикот на Челси, Тод Боли. Меѓу потенцијалните нови ментори на „сините“ е и поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино.
47-годишниот Потер го предводи Брајтон од 2019 година, а „галебите“ ги постигнаа своите два најдобри пласмани во историјата на Премиер – лигата под негово водство. Од стартот на оваа сезона тие се четврти на табелата со 13 бодови, три повеќе од Челси, кој е шести по одиграни шест кола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski