Македонскиот првак Шкупи денеска (16 часот) го игра одложениот првенствен натпревар против Тиквеш, а на клупата ќе седи Тони Мегленски. Турскиот стратег Гохан Бозкаја, кој беше именуван за в.д.тренер по заминувањето на Гоце Седлоски, а претходно беше дел од спортското раководство во клубот, заминува од Чаир.
Ова е уште една денешна новина во Шкупи, како и информацијата дека Омер Буњакуи останува на функцијата спортски директор.
Интересен ќе биде денешниот дуел во Кавадарци. Тиквеш исто така е без шеф на стручниот штаб по заминувањето на Влатко Костов, па тимот ќе го води Ѓорѓи Мојсов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













