
Тренерот на Челси, Томас Тухел, беше бесен на своите играчи по поразот од Динамо Загреб со 1-0. Лошиот старт на сезоната за лондончани продолжи и во Лигата на шампионите. Тухел смета дека неговиот тим одиграл далеку под своите можности и има многу да работи.
„Настапивме под нашите можности, беше исто како и секогаш. Добро го започнавме натпреварот, но не ги реализиравме нашите шанси. Потоа ни дадоа премногу лесен гол во контранапад и од тој момент почнаа нашите тешкотии. Тие беа цврсти во дуелите. Јасно е дека сме во тежок момент“, смета Тухел.
Грешки имало и кај фудбалерите, но и кај стручниот штаб.
„Има многу што да се анализира. Морам и јас да ги видам моите грешки. Очигледно не играме како што треба. На мене е да го најдам решението. Во моментов ништо не оди како што треба. Се чини дека ја губиме самодовербата откако ќе примиме гол. Мораме да најдеме решение за овој проблем до нашиот следен натпревар“, додаде Германецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Евро-фудбал
Мусијала успешно опериран по тешката повреда

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
