Европскиот првак Реал Мадрид убедливо ја почна одбраната на титулата. „Кралевите“ славеа против Селтик на гости со 0-3, но горчина остави повредата на Карим Бензема. Винисиус Жуниор, Лука Модриќ и Еден Азар, кој влезе на местото на Бензема, беа стрелци на головите за Реал.
Манчестер Сити беше уште поубедлив на гости против Севилја и победи со 0-4. Ерлинг Халанд беше двоен стрелец, а му се придружија и Фил Фоден и Рубен Дијаш.
Пари Сен Жермен го победи Јувентус со 2-1 на „Паркот на принцовите“. Килијан Мбапе двапати погоди во првото полувреме за „светците“, а Вестон Меккени намали на почетокот на вториот дел.
Бенфика го победи Макаби Хаифа со 2-0, Салцбург и Милан ремизираа 1-1. Окафор го доведе Салцбург во водство, а израмни Салемакерс.
Најголемото изненадување го направи Шахтјор Доњецк кој победи на гости против Лајпциг со 1-4. Швед беше двпен стрелец, погодија и Мудрик и Траоре за гостите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













