
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, е уверен дека неговата екипа е способна да ја освои Лигата на шампионите, но исто така истакна дека неговите играчи треба да покажат понизност.
„Ова е Лига на шампионите и за нас е привилегија повторно да играме во ова натпреварување. Утрешниот натпревар ќе биде тежок за нас, бидејќи Плзен нема што да загуби. Се соочивме со сериозно квалитетна група, најтешка во последните години. Мораме барем да стигнеме до осминафиналето на ЛШ, тоа е нашата првична цел. Тогаш ќе видиме. Соништата се бесплатни и зошто да не го освоиме пехарот? Да не сакав, ќе си останев дома. Но, мора да почнеме со освојување на трите бода утре, клучно е за нас да започнеме добро. Потоа имаме две многу тешки гостувања, па мораме да почнеме со победа“, изјави Чави.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
