
Германскиот шампион Баерн Минхен го насочи вниманието кон привлекување на капитенот на Тотенхем и англиската репрезентација Хари Кејн. За таа цел Баерн го предупредил напаѓачот да не го продолжува договорот со лондонскиот клуб кој истекува за една година. Следното лето Баерн ќе може да го ангажира Кејн како слободен играч и да го направи најплатен играч.
Хари Кејн пред една година сакаше да го напушти Тотенхем и да се пресели во Манчестер Сити. Притоа го истакна недостигот на трофеи со Тотенхем.
Голгетерот во моментов тврди дека е среќен во Тотенхем под водство на Антонио Конте, но преселбата во Баерн Минхен е секако нешто што би го разгледал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal