
Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ минува низ тежок период на клупата на Болоња. Тимот се уште не знае за победа оваа сезона, има три ремија и два порази на стартот од сезоната во Серија А, поради што се зборува за потенцијално заминување на Синиша Михајловиќ.
Медиумите од Апенините пишуваат дека челниците на Болоња веќе стапиле во контакт со Пауло Соуса, кој раководеше со Фиорентина од 2015 до 2017 година.
Соуса кратко работеше и во Англија во КПР и Свонси, подоцна седеше на клупата на Видеотон, Макаби Тел Авив, Базел, пред да пристигне во Фиренца во 2015 година.
По Серија А замина во Кина, а потоа накратко беше тренер на Бордо, селектор на полската репрезентација, а сега е слободен откако летово доби отказ од Фламенго.
Михајловиќ ќе добие шанса на уште два натпревари, пред репрезентативната пауза, на домашен терен против Фиорентина и Емполи. Се верува дека ќе остане тренер на Болоња, доколку освои четири бода од тие два натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
