
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, се обиде да ја намали еуфоријата околу тимот по победата над Арсенал од 3-1. Ова беше четврти последовен успех за „црвените ѓаволи“. Сепак, Холанѓанецот смета дека неговиот тим е само на почеток на долг процес и се уште не е на нивото на најсилните тимови во Англија.
„Ова е само почеток на процесот и сè уште сме далеку од целта. Мораме да почнеме да ги правиме работите подобро од начинот на кој ги правиме сега. Ова е вид на инвестиција за иднината. Има простор за подобрување ако сакаме еден ден да освојуваме трофеи“, смета Тен Хаг.
„Тоа е постепен процес. Мораме да одржуваме високи стандарди секој ден. Тоа се моите барања како тренер, а верувам дека моите играчи ги имаат истите високи барања од себе. Имаме многу играчи во тимот кои знаат да освојуваат трофеи и мораме да го донесеме вистинскиот став во соблекувалната. Секој ден мораме да даваме максимум“, додаде стратегот на Манчестер Јунајтед.
„Тимот покажа карактер. Арсенал играше добро, но ние исто така добро се браневме и во ниту еден момент не почувствував дека ќе не скршат. Ја имаа топката и добро се движеа со многу креативност напред. Но, ние имаме одлична дефанзивна линија и се браневме со целиот тим. Треба да научиме како да го држиме противникот подалеку од нашиот гол. Ни треба и повеќе смиреност со топката во нашите нозе за да го диктираме темпото на натпреварите“, сподели Холанѓанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Столе Димитриевски се сели во Леванте?

Евро-фудбал
Наполи го договори и Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)
