Струга Трим Лум гази се пред себе, ја освои и Струмица откако го совлада тимот на Академија Пандев на гости со 0-3. Буњамин Шабани гo постигна првиот гол, а Бесарт Ибраими во 73. минута го потврди шестиот триумф за стружани на исто толку натпревари во Првата фудбалска лига.
Во финишот Зија Мерџани го постави конечниот епилог.

Брегалница го победи Шкупи со 2-0. Напаѓачот Сандеј Адетунџи во првото полувреме заработи црвен картон по ударот со лакот на Хаџановиќ, а Ѓорѓи Ѓорѓиев од слободен удар, со помош и на живиот ѕид, донесе предност во 77.минута.
Истиот фудбалер во 85.минута постигна и втор погодок за штипјани.
Шкендија и Македонија ЃП одиграа 1-1. Арби Воша донесе предност за гостите во 54.минута, а возврати Љупчо Дориев во 63.минута.
Скопје ја совлада Победа со 1-0, со голот на Христијан Кировски во 34.минута, а домаќинот во второто полувреме играше и со фудбалер помалку.
Силекс во меч со многу пресврти го победи Тиквеш со 3-2. Влада Петровиќ донесе почетно водство за Силекс, а потоа Нгоба и Миловановиќ се погрижија за пресврт. Но, во финишот повторно Силекс покажа дека во Кратово е неприкосновен тим. Љамалари и Масевски постигнаа голови за нов триумф на составот на Горазд Михајлов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













