Струга Трим Лум продолжува со одлични игри и победи на стартот од сезоната во Првата фудбалска лига. Тимот на Срѓан Захариевски славеше со 0-2 против Шкендија на дуелот што се одигра во Струмица.
Христијан Малески во 50.минута го отвори резултатот, откако Шкендија на крајот од првиот дел остана со фудбалер помалку. Во 71.минута, Бесарт Ибраими реалиираше по еден противнапад и погоди против својот поранешен тим.
Работнички ја оствари првата победа во шампионатот совладувајќи го Тиквеш со 2-0. Анес Рушевиќ во 20.минута донесе водство за „романтичарите“, а новото засилување Марселин Гандо Биала зголеми на 2-0 пред крајот на првиот дел.
Шампионот Шкупи го совлада Скопје со 0-2 на „Автокоманда“. Човек на одлука беше Валид Хамиди во четвртата минута од натпреварот, а триумфот го потврди Мамаду Данфа во 90.минута. Тимот на Гоце Седлоски има „два од два“.
Брегалница ја победи Македонија ЃП со 1-0, со голот од пенал на Марјан Алтипармаковски во 55.минута. Претходно, Бојан Илиевски го фаулираше Дарко Додев во шеснаесетникот.
Вчера, Силекс и Академија Пандев ремизираа 1-1.
ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 0-2
СКОПЈЕ – ШКУПИ 0-2
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 2-0
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ВЧЕРА: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski