
Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, ја критикуваше арбитражата на натпреварот против Борусија Менхенгладбах кој заврши 1-1. Баварците создадоа огромен број на шанси, но не успеаја да освојат три бода, а Нагелсман не беше задоволен од некои од одлуките на судијата Даниел Шлагер.
„Имавме 35 удари, што не е лошо. Лут сум затоа што одигравме добро и судијата ги решаваше сите контроверзни ситуации во корист на нашиот противник. Единственото нешто за што можам да ги обвинам играчите е што не ги искористивме нашите многубројни можности за гол“, прокоментира Нагелсман.
„Ужасна работа на судиите. Имаше околу 20 прекршоци кои можеа да поминат во секој случај, но секогаш беа досудени за Борусија. Сега веројатно ќе ме казнат“, изјави Нагелсман и додаде дека без разлика на резултатот ова е најдобриот натпревар на Баерн од почетокот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
