
Англискиот првак Манчестер Сити имаше негатива од 0-2 на полувремето на „Итихад“ против Кристал Палас, но со погодокот на Бернардо Силва и хет-трикот на Ерлинг Халанд стигна до пресврт и до победа од 4-2 во второто полувреме.
Ливерпул со 9-0 го прегази Борнмут. Роберто Фирмино постигна два гола и имаше три асистенции на овој меч. Луис Дијаз ја отвори серијата, а веднаш погоди и Харви Елиот. Третиот гол беше дело на Трент Александер Арнолд, потоа се запиша и Роберто Фирмино, а до крајот на првиот дел погоди и Вирџин ван Дајк. Во вториот дел, Мефам си даде автогол, Фирмино зголеми на 7-0, а до крајот безмилосни беа и Фабио Карвалјо и Луис Дијаз.
Челси го победи Лестер со 2-1 иако играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Конор Галахер. Рахим Стерлинг беше двоен стрелец за Челси, а Харви Барнс погоди за Лестер. Брентфорд и Евертон одиграа 1-1, а Брајтон го победи Лидс со 1-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
