
Вардар и Академија Пандев ремизираа во Маџари, играјќи 1-1. Вардар поведе со голот на Даниел Аврамовски, негов прв по доаѓањето во Вардар, со одличен шут од 20 метри. Тој во 28.минута успеа да ја затресе мрежата на „пандевци“. Но, Љупчо Дориев во 85.минута со одличен лоб удар донесе реми за гостите.
Шкендија во тетовскиот дуел ја совлада Ренова со 2-1. Егзон Бејтулаи во 34.минута го отвори резултатот, а израмни Нехар Садики четири минути подоцна. Марјан Радески во 54.минута го постигна победничкиот погодок за Шкендија. Сега тетовци имаат 12 бода предност на врвот на табелата.
Работнички дојде до првата победа под водство на Баже Лазаревски. „Романтичарите“ стигнаа до важен триумф на Чаир, совладувајќи го Шкупи со 1-2. Устабаши во 28.минута постигна гол за домаќинот, по слободниот удар на Исени.
Пресвртот се случи во второто полувреме. Оливер Пеев во 55.минута го израмни резултатот, а две минути подоцна Баже Илијоски постигна победнички погодок.
Македонија ЃП убедливо ја совлада Победа со 3-0. Христијан Кировски во првиот дел, и Робсон да Силва и Пауло Карваљо во второто полувреме беа стрелци на головите за „лавовите“.
Силекс оствари многу важна победа (0-1) во битката за опстанок, на гости против Беласица во Струмица. Дарко Додев во 50.минута беше стрелец на победничкиот гол за кратовскиот тим.
ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 2-1
ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 3-0
БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС 0-1
Табела: Шкендија 62, Вардар 50, Академија Пандев 46 (-1), Ренова 36, Работнички 36, Македонија ЃП 34, Шкупи 33, Силекс 28, Беласица 23, Победа 19.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
