
Бразилецот Антони сака да го напушти Ајакс и да направи трансфер во Манчестер Јунајтед. Но, Ајакс го кочи неговото заминување откако одби и понуда од 90 милиони евра за одличниот офанзивец. Прашање е дали Манчестер Јунајтед ќе достави уште поголема понуда до крајот на летниот преоден рок.
„Уште во февруари најавив дека сакам да заминам ова лето и да направам чекор напред во кариерата. Не го разбирам и раководството на Ајакс. Не барам да заминам како слободен агент, туку како најскап трансфер во историјата. До клубот дојде понуда вредна 90 милиони евра, а тие велат дека немаат доволно време за да најдат замена. Имаа време од февруари, кога им најавив заминување“, изјави Антони во интервју за холндските медиуми.
Се претпоставува дека Манчестер Јунајтед сепак ќе достави уште една, последна понуда до Ајакс за Бразилецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
