Арсенал размислува за понуда за играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали, доколку не успее да го купи фудбалерот на Лестер, Јури Тиелеманс. „Топчиите“ продолжуваат со својата трансферна селекција, при што приоритет на Микел Артета сега е да најде квалитетен играч од средниот ред. Неговиот прв избор е Тилеманс, но во оваа фаза преговорите со „лисиците“ одат тешко. Токму поради оваа причина клубот разгледува алтернативни опции, а една од нив е Тонали.
22-годишниот италијански талент по квалитет го споредуваат со легендата Андреа Пирло. Тој дојде во Милан од Бреша во 2020 година и брзо стана важен играч за „росонерите“, со веќе 83 настапи и пет гола и три асистенции за клубот. Тонали има и 11 натпревари за италијанската репрезентација. Неговиот договор е до 2026 година, а неговата цена на пазарот моментално е околу 50 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













