Манчестер Јунајтед славеше триумф (2-1) во најголемото дерби на англискиот фудбал. Првата победа за Ерик тен Хаг во Премиер – лигата дојде против најголемиот ривал, Ливерпул. Неговиот тим синоќа славеше на „Олд Трафорд“ и покажа сосема поинакво издание од претходните два натпревари.
„Се е до пристапот. Да не се лажеме, сите фудбалери во Манчестер Јунајтед знаат да играат фудбал. Но, треба да „гинат“ на теренот и да ја посакуваат победата како што тоа го направија сега против Ливерпул. Тоа го барав од нив и овојпат тоа ми го дадоа“, изјави Ерик тен Хаг.
Тој вели дека има уште десетина дена и за нови засилувања.
„Имаме време и не сакам само да пополниме бројка. На Манчестер Јунајтед му е потребен квалитет и тоа јасно им го кажав на раководните луѓе“, дополни холандскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













