Connect with us

Илијоски: Со рецептот од Чаир да славиме и против Ренова

Работнички славеше победа против Шкупи во минатото коло и повторно ги оживеа амбициите за излез на европска сцена, а капитенот Баже Илијоски се надева дека со идентичен рецепт како на Чаир, „романтичарите“ би можеле да слават и на гостувањето против Ренова во Тетово. 

„По триумфот на Чаир малку кренавме глави. Но, треба да продолжиме да работиме и да се обидеме да победиме и против Ренова во Тетово. Ние и понатаму ќе дадеме се од себе за да обезбедиме пласман во Лигата на Европа следната сезона. Имавме негативен период, но верувам дека сето тоа е зад нас и дека сега ќе продолжиме во позитивна насока“, изјави Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови