Вардар можеби штрајкуваше пред почетокот на шампионатот, но го отвори првенството со победа. „Црвено-црните“ славеа на гости кај Аресими во Чегране со 0-1, со голот на Дарио Десниќ во 51.минута од дуелот.
Пелистер и Гостивар беа поефикасни. Битолскиот тим го победи Кожуф на гости со 2-4 со головите на Мустафов, Трајковски, Фазлиу и на Наумоски, а Гостивар ја совлада Локомотива со 2-3. Стојчевски, Рамадани и Крстевски беа стрелци на головите за Гостивар.
Охрид беше подобар од Тетекс со 2-0, со двата гола на Роберт Митев. Беса славеше на гости против Кеманица Саса со 1-2. Детонит Плачковица ја победи Беласица со 2-0.
Воска Спорт го победи Караорман со 0-2, со головите на Изаир Емини и на Бехар Фета.
Мечот Борец – Слога Виница ќе се игра в среда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













